САД: Најмалку три лица, од кои две деца, загинаа од торнадо

од desk2
203 прегледи

Најмалку три лица, меѓу кои две деца, настрадаа во налет на торнадо во државите на југот на САД.

Едно лице загина на североистокот на Мисисипи, кога дрво удрило во приколка, изјави управникот за патишта за округот Монро, Сони Клеј.

Тој додаде дека по налетот на торнадото на тоа подрачје 19 лица се пренесени во болница, а две се во критична состојба, пренесува АП.

Во торнадото кое ги зафати сојузните држави Тексас, Алабама и Мисисипи
две деца, на возраст од осум и три години, го загубија животот, а неколку лица се повредени.

Во источен Тексас, две деца загинаа кога дрво падна и удри автомобил во кој се наоѓале во градот Лафкин, пренесе АП.

Повеќе куќи и деловни објекти во Виксбург и Хамилтон во Мисисипи се оштетени, а некои потрошувачи останаа без струја.

Силни дождови и бура синоќа го погодина гратчето Магнолија во Мисисипи, продолжувајќи кон Алабама.

Торнадо е пријавено и на југозападот на Тенеси, 225 км од Мемфис, каде најмалку една камп-приколка е уништена, а човекот кој се наоѓал во неа е повреден.

Торнадото корнело дрвја од корен во Државниот универзитет во мисисипи, а околу 21.000 студенти се скриле во приземјето додека невремето да помине.

Повеќе од 140.000 луѓе останаа без струја поради невремето во тексас, Мисисипи, Луизијана и Арканзас.