САД објавија податок колку руски и украински војници загинале во војната

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Над 100.000 руски војници загинале од почетокот на војната во Украина, а слични загуби доживеале и силите под контрола на Киев, објави претседателот на Здружениот генералштаб на американската армија, генерал Марк Милеј.

Тој додаде дека според податоците на Пентагон, во Украина загинале околу 40.000 цивили, пренесува „Ројтерс“.

И покрај големиот број на жртви, претседателот на Здружениот генералштаб на армијата на САД вели дека Москва не може да ги постигне своите цели во Украина и прашање е колку долго Русија ќе може да ја одржи инвазијата.

Слични содржини