94
Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека ограничувањето на цената на руската нафта воведено од западните земји во декември ја ограничило заработката на Русија.
Според неа, оваа мерка очигледно ја исполнила целта да се задржи руската нафта на пазарот, а во исто време да се ограничи заработката на Русија.
„Иако ограничената цена на суровата нафта е на сила само околу еден месец, ние веќе видовме напредок кон исполнување на целта. Високите руски претставници признаа дека ограничувањето на цената на руската нафта ги намалило руските приходи од продажбата на енергетски производи“, рече Јелен на средбата со канадскиот министер за финансии Кристиј Фриланд, пренесува „Ројтерс“.