30
Америка постигна договор со Украина за ретките метали, објави американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува „Ројтерс“.
– Постигнавме договор за ретките метали, наскоро ќе го потпишеме, го цитираше Ројтерс американскиот претседател.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во моментов разговараат за територијални прашања, како и за можните линии за разграничување меѓу Русија и Украина.
Како што истакна, страните разговараат за можна американска контрола врз нуклеарните централи во Украина.