САД признаа: Русија баш и не ги контролира сепаратистите во Донбас

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Руските војници кои се наоѓаат во источна Украина, и заземаат командни позиции и управуваат со  современа техника, сепак  и покрај тоа не може да се зборува за закана од упад со полн обем , изјави претставникот на САД во НАТО, Даглас Луг.

20150205.zamfyrgofo

За време на брифингот во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Алианска, Луг истакнал дека руските специјални служби се обидуваат да ги контролираат активностите на сепаратистите , но тоа не секогаш им успева, пишува “РБКDaily”.“Русите креирале  своевидна паралелна командна структура, која гја  надгледува командната структура на сепаратистите и се обидува да го контролира она што се случува на местото на настаните. Сепак тие само делумно успеваат во тоа. Ние не сметаме дека тие имаат целосна контрола над сепаратистичките групи, но претпоставуваме дека се обидуваат да ги контролираат “, изјави Луг, истакнувајќи дека сепаратистите имаат   современа руска воена техника. По неговите зборови таква  опрема не може да се управува од необучени луѓе , а за тоа се русите.