САД работат на коридор за евакуација на цивили од Газа

од Vladimir Zorba
220 прегледи

САД разговараат со Израел и Египет за воспоставување коридор за евакуација на цивили од Појасот Газа, во време кога израелската армија врши напади врз оваа палестинска енклава, по нападот на Хамас во текот на викендот, рече советникот за безбедност Џејк Саливан.

„Фокусирани сме на ова прашање, консултациите се во тек. За тоа се разговара подетално меѓу оперативните агенции и не сакам да го објавам премногу јавно во овој момент“, изјави Саливан на новинарите во Белата куќа, пренесе Ројтерс.

Инаку бројот на загинати Израелци од почетокот на нападот на палестинската милитантна група Хамас надмина 1.200, соопшти денеска израелската армија.

Речиси 3.000 луѓе се повредени, а судбината на околу 150 луѓе, кои биле киднапирани и однесени во Појасот Газа, се уште не е позната, пишува The Times of Israel.

Министерството за здравство претходно соопшти дека повеќе од 500 лица се во болници, од кои 26 во критична состојба, а 340 во тешка состојба.

Слични содржини