Американскиот Стејт департмент распиша денеска потерница вредна 20 милиони долари за информации кои ќе доведат до апсење или осуда на Шахрам Пурсафи, познат и како Шахрам Пурсафи, Мехди Резаи и Шахин Пурбакш, член на Исламската револуционерна гарда на Иран.
Пурсафи, за кој се верува дека работи и за силите на Кудс, е обвинет за организација на обид за закажано убиство на Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на САД,.
Од октомври 2021 до април 2022 година, Пурсафи, кој е лоциран во Иран, се обидел да ангажира криминалци во САД за да извршат убиство на Болтон во Вашингтон или Мериленд, за 300.000 долари. Наводно, Пурсафи обезбедил материјална поддршка и ресурси за да овозожи обид за убиство, кажувајќи му на потенцијалниот убиец – кој подоцна станал доверлив извор за американските истражители – дека по убиството на Болтон ќе му биде дадено да направи втор атентат, се вели во денешното соопштение.
На 5 август 2022 година, Министерството за правда на САД поднесе кривична пријава против Пурсафи за неговата улога во заговорот. Ако биде осуден, тој се соочува со до 10 години затвор и парична казна до 250.000 долари за користење меѓудржавни комуникациски средства за извршување убиство по нарачка, и до 15 години затвор и казна до 250.000 долари за обезбедување и обид за обезбедување материјална поддршка за транснационален заговор за убиство.
Пурсофи сè уште е во бегство во странство.
Министерството за финансии на САД го прогласи Пурсафи за „Глобален терорист“ според Извршната наредба 13224 на 1 јуни 2023 година, поради неговото учество во заговорот. Оваа одлука блокира каква било негова сопственост под јурисдикција на САД и забранува американските граѓани да имаат какви било трансакции со него.
Исламската револуционерна гардае прогласена за странска терористичка организација од страна на државниот секретар на САД, согласно Законот за имиграција и државјанство.