168
Соединетите Американски Држави денеска објавија дека Русија не сака да признае дека има сериозен радиолошки ризик во нуклеарната централа Запорожје, додавајќи дека тоа е причината поради која Москва го блокира конечниот нацрт на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.
„Руската Федерација еднострано одлучи да го блокира консензусот за финалниот документ на завршувањето на 10-тата конференција за Договорот за неширење на ненуклеарно оружје. Русија тоа го направи со цел да негира дека постои висок радиолошки ризик во нуклеарната централа“, соопшти Стејт департментот, пренесе Ројтерс.