Русија регрутира сириски борци, искусни во урбана борба, додека го засилува својот напад врз Украина, тврдат официјални лица од САД, цитирани од Волстрит Џурнал.
Москва изврши инвазија на 24 февруари, а овие денови регрутира лица од Сирија, надевајќи се дека со нивна помош, ќе се заземе Киев, појаснуваат четири извори на американскиот весник.
Русија во 2015 година се приклучи во сириската граѓанска војна, на страната на режимот на претседателот Башар ал Асад.
Според еден од изворите, дел од борците се веќе во Русија и се подготвуваат за во Украина. Не е познато колку лица се регрутирани, а изворите не даваат повеќе детали.