САД: Се очекува одобрување на два нови лекови против Ковид-19

од Nikola Popovski

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) е подготвена утре да ги одобри апчињата за лечење од Ковид-19 на компаниите Фајзер и Мерк.

Во извештајот на порталот „Блумберг“, кој се повикува на добро информирани извори, се наведува дека овие два лека, особено апчето на Фајзер, Пакловид, се сметаат за ветувачки нови орални третмани кои можат да се даваат на пациенти кои не се хоспитализирани, пренесува „Ројтерс“.

Претходно овој месец, Фајзер објави дека нејзините апчиња за лечење од Ковид-19 покажале ефикасност од речиси 90 проценти во спречувањето на хоспитализација и смртни случаи кај пациенти со висок ризик.

Клиничките испитувања кај лица со висок ризик покажаа дека апчето Молнупиравир на Мерк го намалува ризикот од хоспитализација и смрт кај пациентите со средно ниво за околу 30 проценти.

Засега никој од ФДА не реагирал на написите на Блумберг.

Слични содржини