САД се соочуваат со банкрот

од Vladimir Zorba
90 прегледи

САД се соочуваат со банкрот. Министерот за финансии Џек Лиу изјави дека е загрижен дека чекање до последната минута за зголемување на лимитот на федералниот долг може да доведе до ужасен инцидент.

сад

Американскиот Конгрес треба да им овозможи на владата да земе уште поголем заем  до 3 ноември. Според Лиу по овој датум државата веќе нема да има никакви можности за маневрирање.“Навистина се надевам Конгресот да преземе акција за подигање на лимитот на долгот во скоро време. Ќе ги  употребам сите достапни алатки кои ги  имаме на располагање, но Министерството за финансии нема да располага со можности за маневрирање по 3 ноември “, предупреди Лиу.