САД воведува санкции за специјалната известувачка на ОН за Палестина

од desk2
10 прегледи

САД воведува санкции за Франческа Албанезе, специјалната известителка на ОН за човекови права на окупираните палестински територии, поради нејзините напори Меѓународниот кривичен суд да преземе мерки против американски и израелски функционери, компании и нивните први луѓе, соопшти државниот секретар на САД.

Обвинувајќи ја Албанезе за пристрасност во нејзиниот извештај, американскиот државен секретар Марко Рубио порача оти нејзината истрајност „да ги истражува, да апси, притвори или кривично да гони“ државјани на САД или на Израел, претставува директно прекршување на суверенитетот на двете земји.

„Нема да дозволиме такви кампањи на политичка и економска војна што ги загрозуваат нашите национални интереси и суверенитет“, рече Рубио.

Албанезе во својот извештај го повика Советот на ОН за човекови права да воведе ембарго на оружје и да ги прекине сите трговски и финансиски врски со Израел, тврдејќи дека таа земја спроведува „геноцидна кампања“ во Појасот Газа.

Извештајот беше поддржан од Иран, Венецуела, Катар и неколку други арапски земји.

Слични содржини