САД загрижени од сериозните приговори за независноста на медиумите и правосудството,

од Vladimir Zorba
103 прегледи

САД продолжува со загриженост да го следи развојот на настаните во Македонија. Ги повикуваме властите да иксажат посветеност на владеењето на законот, почит кон слободата на изразуање и интегритет на демократските процеси во Македонија, порача Даниел Б. Баер, амбасадор на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

baer-540x226

„Потсетуваме на сериозните приговори кои ги доведоа во прашање независноста на медиумите и правосудството, како и почитувањето на другите основни демократски вредности за коишто Владата на Република Македонија се обврза дека ќе ги штити и поддржува.

Загрижени сме поради несоодветното владино влијание на известувањето на медиумите за актуелната ситуацијата и за тоа како би повлијаело на сузбивањето на дебатата за прашања од јавен интерес.

Суштината на овие прашања од интерес изискува итно да им се посвети македонската власт – граѓаните заслужуваат и мора да го бараат тоа и да не се задоволат со нешто под тоа.

САД ја цени посетата на Скопје остварена од Претседавачот со ОБСЕ и Високиот комесар за национални малциства на ОБСЕ на 19 февруари и на соопштението од 27 февруари од специјалниот известувач за слободата на медиумуте. Мисијата на ОБСЕ во Скопје играше важна улога во демократскиот прогрес на Македонија и се надеваме дека тој ќе продолжи.

Ги повикуваме политичките водачи во Македонија од сите крила да побараат совет и помош од Мисијата на ОБСЕ, од Секретаријатот на ОБСЕ и на другите изврши структури на ОБСЕ во исцртувањето на патот кон напредокот“, порача Баер.