Властите во САД замрзнаа средства на две руски банки со вкупен износ од 640 милиони долари, јави The Wall Street Journal.
Поконкретно, во американската сметка на банка “Россия” се блокирани 572 милиони долари, соопштија американските власти. Збирот претставува 10% од сите средства на финансиска институција, според податоци од 2013 година. Блокирани се сметките и на СМП-банк, во кои се наоѓаат околу 65 милиони долари. И двете банки се вклучени во санкционата листа на САД.
