САД ја предупредија Кина за последиците од кршењето на американските санкции кон Русија

од Radmila Tasevska
89 прегледи

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, денес најави дека САД ќе ги продолжат разговорите со Кина за економски прашања „во соодветно време“, но во исто време го предупредуваат Пекинг за последиците од кршењето на американските санкции кон Русија.

На прес-конференција пред министерскиот состанок на Г-20 во Бангалор, Индија, Јелен рече дека комуникацијата меѓу САД и Кина е „важна за благосостојбата на целиот свет“, пренесува Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека некои ангажмани меѓу Вашингтон и Пекинг беа прекинати по соборувањето на наводниот кинески шпионски балон над САД, а овој инцидент на неодредено време ги одложи претходно планираните посети на Кина на Џенет Јелен и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Слични содржини