13
Сајбер криминалот во Германија достигна рекордни нивоа минатата година, а најголемите предизвици произлегуваат од хакерските напади извршени од групи проруски и антиизраелски активисти, соопшти денес Федералната канцеларија за криминална полиција (BKA).
Германската влада планира да ги зголеми контрамерките за борба против феноменот, објави Ројтерс.
„Сајбер криминалот претставува растечка закана за нашата безбедност. Нападите стануваат поагресивни, но нашите контрастратегии стануваат и попрофесионални“, рече министерот за внатрешни работи Александар Добринт.