Сајкоски: На нашата партија и држава и е потребно многу работа, успех и напредок

од Берта Китинска
215 прегледи

„Формирањето на ВМРО-ДПМНЕ беше дело на визионери, патриоти, интелектуалци, лидери на тогашните македонски организации во Светот, кој живеејќи во демократски општества ги користеа искуствата од Европа за да можат да помогнат во формирањето на новата партија ВМРО-ДПМНЕ.Основна цел на партијата беше слободна и независна Македонија. Оваа бескомпромисна борба беше со огромна поддршка од народот“, кажа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во своето обраќање на Античкиот театар во Охрид.

Тој кажа дека за успесите на партијата се вградени безброј активисти на кои денес, но и утре и секогаш ќе им бидат благодарни за одважноста, за храброста, за мудроста и за желбата да имаат и да градат една убава држава како Македонија.

„Кога зборуваме за нашата партија ние зборуваме за историја, зборуваме за традиција ние кажуваме за вечна борба ,за борба за поубава и економски попросперитетна Македонија, бидејќи ние имаме континуитет, ние имаме и почит кон секој наш член активиста и човек кој застанал до нас и го дал својот придонес како да се борел за своето семејство.Затоа ние имаме почит кон секој наш член и активист. Но од денес и во иднина ни е потребна акција, силен ангажман од секој наш активист, бидејќи тоа е клучот на успехот, но и факт дека преку акциите кажуваме дека се случува нешто, ако нема акција и работа, нема успех. А на нашата партија и држава и е потребно многу работа, успех и напредок.Нашата борба продолжува. Нашиот активизам ќе е уште поголем. Нашата цел е Македонија. Нека ни е вековита нашата партија, рече Сајкоски.

Слични содржини