303
Од МВР информираат дека 46-годишна струмичанка сакала со лажен ПЦР тест да премине граница.
-Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против О.Г.(46) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 20.11.2021 на Граничен премин „Табановце“ пријавената приложила фалсификуван ПЦР тест, објавија од полицијата.