Манекенката Жизел Бундхен зборуваше отворено за нејзиниот развод со Том Брејди, опишувајќи го тоа како „смрт на нејзиниот сон“.
Во октомври минатата година, бразилската манекенка и ѕвезда на американскиот фудбал се разведоа по 13 години брак.
„Тешко е, бидејќи замислувате дека вашиот живот ќе оди во една насока, а сте направиле се што сте можеле“, изјави таа за списанието Vanity Fair.
Бундхен исто така ги отфрли шпекулациите зошто бракот завршил.
Таа ги демантираше гласините дека се развеле затоа што Брејди се вратил во НФЛ, иако претходно најави дека завршил со играчката кариера.
„Тоа е многу болно и во исто време најлудо нешто што сум го слушнала досега. Она што беше кажано е едно парче од многу поголема загатка. Не е толку црно-бело. Секогаш го поддржував. Ако има една личност за која сакам да биде најсреќна на светот, тоа е тој, верувајте ми. Сакам да му се остварат сите соништа“, изјави таа за Vanity Fair.
Бундхен исто така рече дека нивниот брак почнал да се распаѓа од моментот кога Брејди решил да излезе од пензија и да игра уште една сезона.
„Понекогаш растете заедно, понекогаш се раздвојувате. Се запознавме кога јас имав 26, а тој 29 години, сакавме семејство, сакавме се да правиме заедно. Како што минуваше времето, сфативме дека сакаме различни работи. Но, тоа не значи дека не ја сакате таа личност“, изјавила манекенката.
Бундхен, која е една од најплатените манекенки во светот од 2001 година, додаде дека „не жали за животот со Брејди“.
Во соопштението за развод во октомври 2022 година, Брејди рече дека одлуката била „болна и тешка“.
„Сепак, си посакуваме само најдобро еден на друг додека започнуваме нови поглавја во нашите животи кои допрва треба да бидат напишани“, рече тој.