„САКАМЕ САМИ ДА ОДЛУЧИМЕ“: Протести против законот за задолжителна вакцинација во Романија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
202 прегледи

На иницијатива на романската организација „Сојуз на родители“, околу 3.000 демонстранти се собрале денес пред зградата на парламентот во Букурешт за да изразат незадоволство од нацрт-законот за задолжителна вакцинација против Ковид-19, за кој во моментов се расправа во парламентот, додека властите најавуваат нови мерки.

„Ние не сме против вакцинацијата, туку за слободата сами да одлучуваме за тоа“, гласи слоганот на протестот, пренесува „Аџерпрес“.

Предлог-законот вклучува задолжителна вакцинација на целото население, вклучително и децата, и огромни казни за секој што ќе одбие да се вакцинира.

Поминаа помалку од шест недели од олеснувањето на ограничувањата на пандемијата во Букурешт, но зголемувањето на случаите ги натера властите повторно да воведат поостри мерки во период од 14 дена, почнувајќи од понеделник.

Многу демонстранти вееле романски знамиња и скандирале „слобода“ и „маските долу“. На големиот натпис пишувало: „Кажи не на присилната вакцинација“.

На демонстрациите присуствувал Георги Симион, лидер на крајно десничарската партија АУР во Романија, која се изјаснила против задолжителната вакцинација.

Во исто време треба да се воведат поостри мерки во Темишвар, град со повеќе од 400.000 жители, кој влегува во карантин откако стапката на инфекција се зголемила над седум на 1.000 жители.

Слични содржини