„Сакав да се вратам дома, но потоа чуварот ме праша…“: Момчето убиец за малку ќе се откажало од масакрот во „Рибникар“

од Nikola Popovski
1,5K прегледи

Судењето на родителите на момчето кое лани пукаше во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ влезе во фаза во која момчето Коста Кецмановиќ ќе биде во просторија за заштитени сведоци, така што никој нема да може да го види, а тој ќе може да сведочи. Момчето решило да сведочи против родителите во Обвинителството, а потоа рекло дека кога дошло пред училиштето размислувало дали да влезе вооружено или не.

Наводно пред Обвинителството изјавило дека тоа кобно утро 08:02 часот го фотографирало оружјето во дневната соба, па го ставил во ранецот и отишол на училиште, како и дека планирал да доцни на првиот час, за да можат сите деца да бидат во училницата кога ќе дојде.

Но, во моментот кога стигнал до училиштето, К.К., според дадената изјава, се двоумел.

– Имав желба сепак да ѝ се обратам на мајка ми, да се вратам дома, но во тој момент ми пријде чуварот и ме праша дали сакам да влезам во училницата. Имаше две минути до ѕвончето. Реков дека ќе почекам, а потоа веќе бев под стрес, ме фати паника и го видов како закана, можеби во смисла дека може да ме спречи да се вратам дома – изјавил малолетникот, пренесува српски „Телеграф“. Според тамошниот медиум ваква изјава дало момчето пред нивното Обвинителство.

Според неговата изјава, откако го убил училишниот чувар, влегол во училиштето, каде убил девет ученици, а повеќе од нив ранил.

Судењето на родителите на К.К е затворено за јавноста, а рочиштето на кое момчето треба да сведочи ќе се одржи во Специјалниот суд во Белград и од безбедносни причини и поради заштита на момчето бидејќи има 14 години.

Слични содржини