Сако, Санчо и Рашфорд можат да ги тужат корисниците на сметки од кои примиле расистички навреди

од Vladimir Zorba

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) ќе им понуди можност на Букајо Сака, Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд да покренат обвиненија против корисници на Интернет кои упатија расистички навреди кон нив по поразот во финалето на ЕУРО.

ФА ќе понуди можност за покренување обвиненија против корисниците на тие сметки, под услов тие да можат да бидат идентификувани, но тие исто така најавија индивидуални разговори со секој од овие тројца играчи.

Гореспоменатото трио промаши пенали, па станаа трагичари и веднаш се најдоа на мета на расисти и хулигани кои се чинеше дека со нетрпение чекаат овие играчи да направат грешка, за да можат да ги малтретираат.

„Спортсмејл“ известува дека ФА верува дека овој настан може да фрли дамка врз нивната кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2030 година.

Слични содржини