Салах: Да не звучам арогантно, но очекував да давам многу голови

од Vladimir Zorba

Еден од најсилните фудбалери во Англија од почетокот на сезоната – Мохамед Салах, се чувствува среќен во Ливерпул и мотивиран да победува со „црвените“. Денес, во британските медиуми, се појавија цитати од неговото интервју со популарното списание „FourFourTwo“. Во исто време, шпанскиот весник „Marca“ го објави детално интервјуто со египетскиот репрезентативец.

„Нека не звучи арогантно, но очекував да постигнувам доста голови“, вели тој за „FourFourTwo“.

Мо влезе во историјата на тимот од Мерсисајд со најбрзи 20 гола во Премиер Лигата. Досега, за Африка има 28 гола на сите турнири.

„Кога бев во Рим, се чувствував добро. Поминав две добри сезони таму. Секогаш се обидувам да ја искористам секоја можност. Намерно се поставувам под притисок, бидејќи барам многу. Пред три години не можев да играм за Челзи. Се вратив во Англија за да го покажам мојот фудбал. Мислам дека добро се справувам“, изјави стрелецот за изданието.

„Отсекогаш сум сакал да играм за Ливерпул откако бев дете. Ја знаев приказната и веднаш штом добив шанса ја искористив. Ние ќе дадеме се од себе за да освоиме трофеј. Тоа и секогаш ќе биде нашата цел“, рече тој за „FourFourTwo“.

„Се чувствувам многу добро кога играм на десната страна. Можам да играм како „десетка“, како напаѓач … Повеќе сакам да бидам подесно“, откри тој во интервјуто.

„Хари Кејн е одличен фудбалер, тој веќе бил топстрелец на Премиер Лигата. Тој игра како „деветка“ и има подобра шанса да стане најдобар стрелец. Сепак, сакам да му го одземам ова одличје. Ќе видиме што ќе се случи во последните натпревари“, изјави Мо Салах за изданието.

„Мене, секако, ми недостига. Тој беше мој пријател, многу добар човек. Му посакувам се најдобро во Барселона, бидејќи тој е неверојатен фудбалер, многу елегантен. Како човек тој е многу мирен. Горд сум што играв со него“, изјави Египќанецот.

Слични содржини