Состојки:
– 250 гр пилешко бело месо
– 3 домати
– 1 пиперка
– 1/2 кромид
– 1 лажичка сос од домати
– 1/2 лажичка чили во прав
– малку рендан кашкавал
– маслиново масло
– зелена салата
Дресинг:
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажица балсамико оцет
– 1 кафена лажичка сенф
– сол, бибер
Подготовка:
Исечете го месото на парчиња. Посолете и пропржете на масло заедно со ситно сечканиот кромид. Доволни се околу пет минути.
Потоа додадете малку вода, 150 милилитри, измешајте го доматниот сос и оставете да се крчка околу пет минути.
Доматот и пиперката исечкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во длабок сад.
По желба можете да додадете и зелена салата.
Измешајте ги сите состојки за дресингот и прелијте ја салатата со него, додадете го ренданиот кашкавал и убаво измешајте.
Прво ставете ја салатата во садот за сервирање, а потоа додадете го месото заедно со сосот од садот. На крајот додадете уште малку рендан кашкавал и малку бибер.