220
Состојки:
– 1 авокадо
– 300 гр чери домати
– 5 лажици маслиново масло
– 2 лажици сок од лимон
– сол, бибер, суви билни зачини
– 200 гр тестенини
– магдонос
– лук во прав
Подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода. Кога ќе се сварат, веднаш додадете лук во прав, масло и сок од лимон.
Зачинете со сол, бибер, суви билки и добро измешајте.
Потоа додадете чери домати исечени на половина, авокадо исечено на коцки и убаво измешајте.
Можете да го послужите веднаш или по желба ставете го во фрижидер и послужете го ладно.