Состојки:
(за 2 лица)
– 100 гр тестенини, спирални
– сол
– 100 гр цветови од брокула
– 80 гр кисели краставички
– 50 гр виолетов кромид
– 80 гр чери домати
– 1 црвена пиперка
– 30 листови млад спанаќ
– 30 гр слатка пченка
– 100 гр фета сирење
Прелив:
– 150 гр густ јогурт
– 2-3 лажици маслиново масло
– 2 лажици течност од кисели краставички
– 1 кафена лажичка сенф
– сол
– 1/4 лажичка бибер
Подготовка:
Ставете ги тестенините во топла солена вода и варете ги. Исцедете ги и почекајте малку да се изладат.
Цветовите од брокула ставете ги во солената топла вода. По неколку минути извадете и изладете.
Извадете ги киселите краставички од теглата и исечкајте ги.
Сочувајте ја течноста во која беа краставиците, бидејќи ќе ви треба како состојка за преливот.
Исечете го остатокот од зеленчукот и фетата.
Ставете ги тестенините во садот за салата, а потоа додајте го подготвениот зеленчук и сирењето.
Подгответе го преливот така што во помал сад ќе измешате густ јогурт, маслиново масло, течност од кисели краставички, сенф, сол и бибер.
Прелијте ја салатата со преливот, полека измешајте и послужете веднаш.