Министерот за здравство Беким Сали во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ кажа дека за проектот за нов Клинички центар се дискутира веќе 17 години.
– Проектот за Клинички центар се дискутира 17 години. Првичната идеја е од 2006-2007 година. Јас од пристапот кон оваа функција почнав со продолжување на истата идеја. Меѓутоа во истражување и анализа зошто досега не е реализиран проектот излегува дека се направени неколку тенденции за отпочнување на изградба на тој Клинички центар, неколку физибилити анализи, па локации, па дискусии, па одлуки се донесени, па конкретни проекти и излегува дека политичкиот момент бил клучен за таков еден проект да не се реализира во нашата држава. Морам да напоменам дека овој проект е од животно значење на државата и дека не би требало да се гледа од призма на политички бои. Затоа пристапив кон комуникација со сите поголеми политички партии кои можат да донесат таква една унифицирана одлука без разлика дали локацијата, формата, износот и начинот на финансирање или пак дали ќе биде во постоечка позиција, доградување на зграда или ќе биде на одвоена локација, изјави министерот Сали.
Министерот Сали вели дека се уште трае фазата на дискусија.
– Нема одлука. Јас не можам да прецизирам за мене која локација e најрелевантна за нов Клинички центар, бидејќи тоа е важен проект кој мора да биде решен со мислење на експерти, додава Сали.