Сали разговарал со Гир за унапредување на опфатот со вакцинација

од Nikola Popovski
220 прегледи

Активности за унапредување на опфатот со вакцинација против Ковид-19, покана за пристап во Програмата EU4Health, како и усогласување на законодавството во однос на законите за лекови, дроги, трансплантација, контрола на производи од тутун, беа дел од темите на денешната средба на министерот за здравство Беким Сали со евроамбасадорот Дејвид Гир и претставници од Делегацијата на ЕУ.

Станало збор и за тековните проекти, кои се одвиваат преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2 и ИПА 3, преку кои се обезбедува опрема за здравствениот сектор, како и активности за намалување на загадување на воздухот и активности поврзани за унапредување на здравјето на населениото во нашата држава.

-Во рамки на ИПА 3 проектот е предвидено унапредување на службите за перинатално здравје, подобрена превенција и контрола на незаразни заболувања, превенција на канцер и поддршка за развој на Е–здравство, за што е подготвен акциски документ за ЕУ-финансиран проект за унапредување на здравјето и на социјалната заштита и родовата еднаквост.

На амбасадорот Гир му изразив голема благодарност за континуираната поддршка од ЕУ уште од почетокот на Ковид-19 пандемијата за здравствениот систем во нашата држава, во однос на обезбедената медицинска апаратура за справување со здравствените ризици, опрема за лична заштита на медицински персонал, како и за пристигнатите вакцини преку Ковакс механизмот. Целокупната поддршка преточена во проекти ќе придонесе за унапредување на здравствените услуги и подобрена дијагностика, како и за превенција и третман на пациентите, стои во објавата на МЗ.

Слични содржини