Салихамиџиќ ја прокоментира ситуацијата околу Левандовски

од Vladimir Zorba

Спортскиот директор на Баерн (Минхен), Хасан Салихамиџиќ ја коментираше ситуацијата околу полскиот напаѓач Роберт Левандовски. Тој сака да го напушти баварскиот гигант една година пред да му истече договорот во 2023 година.

Не недостигаат кандидати за неговиот потпис, а фаворит е Барселона. 33-годишниот ас минатата сезона постигна 46 гола на 50 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, но не е задоволен од неговиот третман при преговорите за нов договор.

Баварците веќе обезбедија замена во ликот на Садио Мане, но не се подготвени лесно да се разделат со Левандовски.

„Роберт има договор до летото 2023 година. Очекувам да го видиме на нашиот прв тренинг во базата на 12 јули“, изјави Салихамиџиќ.

Пред еден месец Барселона понуди 32 милиони евра за напаѓачот, но понудата беше одбиена. Се очекува каталонскиот гигант да ја подобри понудата на 50 мил.

Слични содржини