Предвремени избори мислам не се опција и веќе никој не ги има приоритет, така што една голема коалиција на најголемите политички партии е единствено решение за отварање на уставот, како и носење на одлуки кои ќе дадаат поголем напредок и ставање крај на блокадите, смета политикологот Енвер Салихи, зборувајќи за можноста парламентарното мнозиство да дојде до потребната бројка на пратеници од 80 за изгласување на Уставните измени.
– Не чека жешка есен знаејќи ја економската криза и кревкото парламентарно мнозинство, кое тешко функионира со блокадите на опозицијата. Предвремени избори мислам не се опција и веќе никој не ги има приоритет, така што една голема коалиција на најголемите политички партии е единствено решение за отварање на Уставот, како и носење на одлуки кои ќе дадаат поголем напредок и ставање крај на блокадите. Не е време на рејтинзи и партиски интереси, потребно е со заеднички сили една проширена коалиција да ги преброди најголемите предизвици за нашата држава од осамостојување до денеска, изјави Салихи за „Локално“.
Д.Ј.