22
Во врска со вчерашното палење на македонското знаме на улиците во Скопје се огласи и поранешната репрезентативка, Афродита Салихи. Таа преку својот Фејсбук профил истакна дека не е патриотски чин знамето на друга националност да се влече и да се запали.
„Знамето на една земја е моќен симбол на идентитетот што ја одразува историјата, културата и вредностите на една нација. Љубовта кон знамето е безгранична и безусловна. Не е патриотски чин знамето на друга националност да се влече и да се запали, каде што ваквите постапки секогаш потикнувале меѓуетничка омраза во мултиетничка држава“, вели Салихи.