Салиу: Агим Исмаиловиќ не е фатен затоа што не ни пробал да избега! (ВИДЕО)

од Берта Китинска
385 прегледи

Предмалку полицијата го пронајде и го спроведе во затворот во Шутка, Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите за случајот „Монструм“.Одреден му е притвор во траење од 30 дена.

Новинарот на тв Клан,  Фуркан Салиу објави дека ќе ја пренесе пораката од Исмаиловиќ дека не е точно дека се обидел да избега и дека денеска сам ќе се пријавел на надлежните органи.

„Агим Исмаиловиќ НЕ Е ФАТЕН затоа што не ни пробал да избега!Не му е определена мерка куќен притвор, па затоа не мора да биде секогаш дома. Единствена мерка на претпазливост која била изречена е да се јавува на суд два пати неделно, тоа го правел 3 години, без ниту една забелешка.Во моментот кога полицијата стигнала пред неговата куќа, он бил излезен, само што го известија дека е баран, дојде дома, спреми алишта и сакаше да се пријави во најблиската полициска станица. Пред да искочи од дома, се појави едно полициско возило и го приведе. Манипулативни наслови по одредени медиуми кои имаат за цел само кликови не се професионални, дури и му нанесуваат штета на обвинетиот, а се надевам дека тоа не е целта затоа што он да, е обвинет, ама не е виновен се додека не се докаже спротивното“, пишува Салиу на својот Фејсбук.

Исмаиловиќ е еден од петтемина обвинети за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 кај Смилковско езеро.

Слични содржини