Салма Хаек ги почести фановите за 57-миот роденден со секси фотографии!

од Vladimir Zorba
446 прегледи

Актерката Салма Хаек докажа дека годините за неа се само бројка прославувајќи го својот 57 роденден на плажа во оскудно црвено бикини кое ги истакна сите нејзини атрибути.

Така, во саботата наутро, познатата актерка објави серија атрактивни фотографии на социјалните мрежи на кои ужива покрај океанот и напиша: „Многу сум среќна што сум жива и длабоко сум благодарна за сите благослови!!! Моето сакано семејство, моите драгоцени пријатели, моето здравје, мојата работа која ме одржува, мојот мотивирачки тим, мојот однос со животните и природата и љубовта на сите мои верни фанови. Нека ми е среќен 57-миот роденден!!!“.

Иако не откри каде го слави роденденот, пред неколку дена објави дека патува со својата ќерка, 15-годишната Валентина Пино. Минатиот месец познатата актерка беше фотографирана на одмор со сопругот Франсоа-Анри Пино.

Слични содржини