Салма Хајек блесна во Кан, но што се случува со лицето на актерката? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
654 прегледи

Актерката Салма Хајек се најде на листата на познати личности кои присуствуваа на премиерата на филмот Killers Of The Flower Moon во Кан.

На црвениот тепих ѝ се придружи нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пино, а парот изгледаше блескаво како и обично. Сепак, главното внимание беше на Салма и нејзиниот фустан.

Таа се одлучи за сложен фустан од куќата на „Александар Меквин“. Виолетовата толатра има нагласено деколте, со карнери на рамената, но и интересен долен завршеток.

Скапиот накит му даде посебен шмек на целиот стајлинг, но она што на сите им паднало во очи е изменетото лице на Салма.

Не е сигурно дали се работи за интервенција или шминка, но ќе потсетиме дека актерката во неколку наврати нагласи дека останува верна на својата природна убавина.

Слични содржини