517
Популарната холивудска актерка со мексиканско потекло Салма Хајек во Лос Анџелес ја откри својата ѕвезда на Булеварот на славните која им ја посвети на своите обожаватели.
Актерката на настанот се појави во друштво на градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, кој и е близок пријател, како и актерот Адам Сендлер со кој глуми во неколку филмови.
„Би рекла на сите, најдете нешто што ќе го сакате, бидејќи единственото нешто што ме натера да успеам е мојата љубов кон филмот. Бидете најдобри во се што правите. Обидете се да бидете подобри. Обидете се да најдете радост во она што го правите. Работете напорно. Не е важно што некој ќе каже, туку најважно е да се слушате себеси“, истакна актерката Салма Хајек на церемонијата во Лос Анџелес.