Холивудската ѕвезда и продуцентка Салма Хајек Пино, која деновиве има 58 години, отворено зборува за својот пристап кон убавината и стареењето. Таа нагласува дека не користи филери и не ја бојадисува косата, туку се потпира на природност и креативност. Во интервју за престижниот магазин „Вог“, Хајек признава дека не сака да изгледа пренагласено. „Сите изгледаат убаво, но тоа не е изгледот што го сакам за себе“, вели познатата Мексиканка.
Иако повремено ја користи неинвазивната терапија Ultherapy Prime, Салма повеќе претпочита шминка отколку филери. Таа користи кремаста сенка за очи од Викторија Бекам која ја нанесува на образите и носот за да ги нагласи цртите на лицето. Потоа го нанесува коректорот од истиот бренд и завршува со бронзер и розово руменило од Гучи, со што дополнително ги истакнува образите.
Интересен детал е што таа не ја бојадисува косата, туку користи маскара за да ја покрие седата коса и да ги уедначи бојата на прамените. Салма нагласува дека секој треба да ја прилагоди својата рутина за убавина според возраста и да биде отворен за нови трикови. „Можеби она што функционираше порано веќе не функционира, затоа е важно да се биде креативен и да се ужива во процесот“, советува актерката, додавајќи дека многу од своите трикови ги научила од својата баба, која била опседната со убавината.