Холивудската sвезда Салма Хајек се приклучи на снимањето на филмот „Куќа на Гучи“, во режија на Ридли Скот, во кој играат поп-sвездите Лејди Гага и Адам Драјвер.
Актерката номинирана за Оскар ќе го толкува ликот на Пина Ауриема, најдобрата пријателка на Патриша Реагани, вдовица на Гучи, која поп-sвездата ја игра во филмот.
Пина беше жената која и помогна на Патриша да го организира убиството на нејзиниот сопруг, кого го игра Адам Драјвер во филмот.
Патриша Регани, позната во Италија како Лејди Гучи, заврши во затвор во 1998 година, откако беше прогласена за виновна за нарачано убиство. Таа му платила на убиец сума од приближно 300.000 евра за да го убие нејзиниот поранешен сопруг Маурицио Гучи, мултимилионер, сопственик на модната империја Гучи.
Режисер на филмот е Ридли Скот, а во него ќе играат и Роберт Дениро, Џеред Лето и Ал Пачино.