„Сам дома“ во Белата куќа: Каде е Барон Трамп?

од Stefanija Kuzmanovska
472 прегледи

Откако Барон Трамп, синот на Меланија и Доналд Трамп, не беше виден на фотографии или снимките од семејството како го напушта Вашингтон, некои луѓе на социјалните мрежи се прашуваа дали можеби го заборавиле во Белата куќа, како Меколи Калкин во филмовите „Сам во дома“.

„Глупаво е, но се прашувам дали Барон е сам во Белата куќа како во филмот Сам дома“, твитна една љубопитна личност.

Четиринаесетгодишниот Барон, обично е лесно да се забележи, но тој не беше никаде во близина на неговите родители покрај хеликоптерот што ги зема пред Белата куќа или авионот со кој полетаа од Вашингтон.

Барон исто така не бил виден покрај неговото семејство во воздухопловната база Ендрус во средата.

Списанието People пишува дека иако Барон не бил виден како ја напушта Белата куќа заедно со неговите родители, тие отпатувале заедно на Флорида каде сега ќе живеат.

Слични содржини