Актерката Ким Катрал, односно познатата Саманта, нема да биде во новата сезона на серијата „Сексот и градот“, поради наводните експлицитни сцени со малолетник.
Првичните наводи за причините за нејзиното отсуство од сетот беа дека актерката била во кавга со своите колешки, преостанатите три главни актерки – Синтија Никсон, Кристин Дејвис и најмногу со Сара Џесика Паркер.
Меѓутоа, според извори од странските медиуми, Сара Џесика и Ким Катрал го негирале тоа, додека вистинските причини наводно се експлицитната сцена што Катрал одбила да ја глуми со малолетниот син на нејзината пријателка, Миранда Хобс, Брејди.
Според сценариото, Брејди (14) треба да биде фатен за време на мастурбација, а потоа да испрати експлицитни фотографии на Саманта, што актерката не ги прифатила.
Покрај тоа, Катралова наводно не била задоволна од сценариото и начинот на кој билпретставен ликот на Саманта во новата сезона.
Фановите се разочарани што нема да ја гледаат својата омилена Саманта во новите епизоди, а како што пишува „Дејли Мејл“, понудата за Ким Катрал се уште е отворена.
„Со оглед на тоа дека втората сезона ќе биде објавена наскоро, вратата е отворена за Ким Катрал доколку сака да се врати како Саманта Џонс“, вели добро информиран извор за весникот.