Самит на Г20: „Добредојдовте во пеколот!“ -Хамбург заприлега на тврдина!

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Тоа е пораката која илјадници демонстранти им ја упатуваат на светските лидери кои се очекуваат на самитот на 20-те најмоќни светски држави во Хамбург. Полицијата стравува од левичарските радикали.

Hamburg - G20-Performance 1000 Gestalten (DW/A. Drechsel)

„Добредојдовте во пеколот!“. Тоа е поздравот за американскиот претседател Доналд Трамп и останатите светски лидери од анти-капиталистичките протести во Хамбург, кои се закануваат дека ќе предизвикаат прекин на настанот.
Меѓу 100-те илјади демонстранти кои се очекуваат во градот, околу 8.000 се сметаат за подготвени за насилство, тврди полицијата, што пак ги отежнува подготовките и обезбедувањето на самитот на лидерите на 20-те најбогати држави во светот, кој се одржува на 7 и 8 јули во Хамбург.

Германскиот град Хамбург ќе заприлега на тврдина во пресрет на самитот на Г-20. Се превземаат  драстични мерки за безбедност против терористичката закана, како и поради манифестации на антиглобалистите.

Околу 20 000 полицајци од цела Германија и Австрија се наоѓа во пристанишниот град со население 1.7 милиони лица. Вработените на редот со помош на 28 хеликоптери, 185 кучиња и 3 000 автомобили ќе треба да го обезбедат редот и безбедноста на самитот на лидерите на 20-те најбогати земји во светот, кои ќе се состануваат во петокот и саботата. Меѓу нив ќе бидат Ангела Меркел, Доналд Трамп, Владимир Путин,  Кси Џинпин, Емануел Макрон и др. / АФП