Само 2 дена пред нејзината смрт кралицата Елизабета ги напишала овие зборови

од Nikola Popovski
243 прегледи

Веста за смртта на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година го изненади светот. Кралицата почина на 97-годишна возраст и зад себе оставила нешто што зборува за нејзиното повеќедецениско владеење подобро од било кое видео или аудио запис.

Имено, Елизабета водела свој дневник на кој вредно работела речиси секој ден, до последниот ден од нејзиниот живот.

Биографот на британското кралско семејство, Роберт Хардман, сега во ревидираната верзија на книгата „Charles III: The New King. The New Court. The Insider’s Story“ го објасни последниот запис за втората најдолговечна жена монарх во историјата.

Според него, на 6 септември 2022 година, само два дена пред да почине, со своето пенкало напишала пет зборови кои ќе останат во историјата како последни на кралицата.

„Не е изненадувачки што таа беше вредна во својата документација, иако болеста ја правеше сè послаба“, напишал Хардман.

„Евдард дојде да ме види“, истакнала сега веќе починатата кралица.

Како што објаснува кралскиот биограф, станува збор за приватниот секретар на кралицата, сер Едвард Јанг, кој во тоа време правел планови со неа за церемонијата на положување заклетва на новите министри.

„Произлегува дека таа сè уште пишувала (во дневникот) во Балморал два дена пред нејзината смрт. Нејзиниот последен запис беше исто толку фактички и практичен како и секогаш“, заклучил Хардман, пренесува „Glossy“.

Слични содржини