Само да не се заборави на “падната крв” меѓу власта и народот: Елизабета II зеде заложник пред говорот во парламентот

од desk3
66 прегледи

Британската кралица Елизабета Втора зеде за заложник пратеник од парламентот, кој ја чекаше во палатата, додека таа го држење годишното обраќање за почетокот на парламентарната година во земјата, пренесува CNN.

Image_5506033_126

52-годишниот лабурист Крис Хопкинс остана во палатата до враќањето на 90-годишната кралица. Според вековна традиција, ако монархот се врати жив и здрав, дворецот го ослободува заложникот.

DW: Лидерската четворка три дена во дипломатски сендвич

Според вработените, 94-годишниот сопруг на кралицата принцот Филип сакаше да се шегува со текот на годините со заложникот дека ако двајцата не се вратат живи, тој ќе биде стрелан. Еднаш кралицата го исправи дека заложникот ќе биде убиен само во случај ако таа не се врати, раскажува “Дејли мејл”.

Image_5506034_128

Елизабета II го произнесе својот 65-ти по ред говор во кој ја најави законодавната програма на Владата за следната парламентарна сезона. Облечена во кралски одежди и со круна на главата, кралицата претстави 20-закони.

Главната промена е реформа во затворскиот систем, најрадикалната од пред 100 година. Со неа на директори ќе бидат дадени невидени права да ги дефинираат правилата и буџетите. Некои од старите затвори ќе бидат затворени, а осудените можат да останат зад решетки само за време на викендите,а ќе бидат следени со сателити.