131
Соединетите Американски Држави одбиваат да коспонзорираат нацрт-резолуција на ОН за одбележување на третата годишнина од инвазијата на Москва на Украина, во која се подржува територијалниот интегритет на Киев и осудува руската агресија, изјавија три дипломатски извори за „Ројтерс“, што претставува потенцијално значајна промена во политиката за најмоќниот западен сојузник на Украина.
Се чини дека овој потег го одразува растечкиот јаз меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обидува брзо да стави крај на војната во Украина и чиј тим разговараше со Русија без учество на Киев.