Ен Хатавеј привлече големо внимание со својата појава и изборот на фустанот, на доделувањето на Critic’s choice наградите. Но она за што сите коментирале е нејзината линија која ја донела до совршенство за многу кратко време, бидејќи пред само неколку недели на свет го донесе своето второ дете.

На црвениот тепих на филмските награди прошета во златен фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ги истакна нејзините облини. Гордо го „прошета“ длабокото деколте, не грижејчи се за коментарите од публиката. Со оглед на тоа што сме навикнати да ја гледаме во помирни комбинации, ова е вистинско изненадување.

Ен Хатавеј се најде на листата на топ 5 најдобро облечени на доделувањата.

Слични содржини