Само еден патник во авионот, Кинескиња леташе до дома како царица

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Кинескиња која се враќала дома за прославата на лунарната Нова Година, била многу изненадена кога останала единствената патничка во авион.

PAY-woman-has-flight-to-herself

Тоа предизвикало завидливи коментари на нејзини сонародници на интернет. Во понеделникот околу 100 000 патници биле блокирани на станиците во кантонот во јужниот дел на земјата поради лошите временски услови. Истиот ден среќната патничка Чан на социјалните мрежи објавила слики на чудното патување со авион до градот.
На нив се гледа дека младата жена се забавува, а во позадина се празните седишта на авионот на компанијата “Чајна садерн ерлајнс” кој лета по маршрутата Вухан-кантон.
Летот бил со 10-часовно задоцнување и другите патници фатиле авиони кои полетале порано. Ова и овозможило на Чан да добие посебно внимание од страна на персоналот на авионот. Според неа, за време на летот таа се почувствувала како кинески новобогаташ.
“Чајна садерн ерлајнс” обезбедува конекција преку воздух меѓу Вухан и кантонот со авиони Боинг 737-700, со кои превезуваат 137 патници.