387
Да се подготви чоколаден пудинг не е некоја голема филозофија, но само со една состојка можете да го направите повкусен од кога било.
Потребни ви се:
Две кесички пудинг од чоколадо
Литар млеко
150 гр шеќер
200 гр темно чоколадо
Подготовка:
Сварете го пудингот на вообичаен начин. Кога ќе го тргнете од рингла, во него измешајте го темното чоколадо и мешајте додека да се стопи. Распоредете во помали чинии и додека е топол ставете по една коцка чоколадо во секоја.
Можете и на дното на чиниите да ставите искршени бисквити и врз нив да го истурите пудингот, ќе биде уште повкусен.