429
Двете принцези, Грејс Кели и Дијана, имале само една можност во нивните животи да се сретнат, но тоа кратко време добро го искористиле.
Во 1981 година, лејди Дијана Спенсер имала само 19 години и веќе била свршена во принцот Чарлс. Во таа прилика, принцезата од Монако искористила да разговара со неа, откривајќи и груба и сурова вистина за нејзиниот живот.
„Едноставно, не губи нерви, во секој случај ќе биде полошо отколку што си мислиш“, ѝ рекла Грејс на Дијана.
Ова го потврдил и биографот на Грејс Кели. Многупати јавноста ги споредувала судбините на овие две жени, а уште побизарно е што и двете починале како последица на повреди од сообраќајна несреќа.