„Само ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска, најдобар домашен филм на фестивалот „Филмај

од Milan1

„Само ѓаволот се плаши од вода“ во режија на Лидија Мојсовска е најдобар домашен филм на претстојниот фестивал на краток филм „Филмај“, што ќе се одржи во Куманово на 29 и 30 мај во Занаетчискиот дом во Куманово. Наградени филмови се и: филипинскиот „Жими сè најмило“ во режија на Сам Манакса, „Морска сол“ со Захер Јуреидини како директор на фотографија, „Синкопат“ (Шпанија) по сценарио на Рамон Лазаро. Награден е и рускиот „Девет сантиметри“.

За наградите одлучи жирито во состав: Матеј Матијевиќ (режисер и сценарист), Александар Арсовски (продуцент) и Антонио Димитриевски (актер).

На двете фестивалски вечери (од 20 часот), покрај наградените, ќе бидат прикажани уште 11 официјално селектирани филмови. Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.

Слични содржини