Само осум отсто од Русите веруваат дека Путин е одговорен за смртта на Пригожин

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Само осум отсто од Русите веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за смртта на шефот на руската приватна паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, покажува анкетата спроведена девет часа по авионската несреќа во која загина Пригожин.

Рускиот истражен комитет денеска потврди дека Пригожин загинал во авионска несреќа во средата вечерта во областа Твер во близина на Москва. Сите 10 патници и членови на екипажот загинаа во падот на „Ембраер“, кој летал од Москва за Санкт Петербург.

Истражувањето спроведено за „Сандеј тајмс“ од Институтот „Open Minds“, меѓународен тинк-тенк, покажа дека само два отсто од поддржувачите на режимот го гледаат Путин како виновник за смртта на Пригожин.

Слични содржини