Само прекинот на огнот во Појасот Газа ќе го одврати Иран од напад врз Израел

од Milan1
19 прегледи

Само прекинот на огнот во Појасот Газа ќе го одврати Иран од директна одмазда против Израел за убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран, изјавија тројца високи ирански претставници, пренесува денеска „Ројтерс“. Иран вети дека ќе одговори на убиството на Ханија, што се случи на крајот на јули додека тој беше во посета на Техеран, а за што го обвинува Израел.

Висок ирански безбедносен функционер рече дека Иран, со сојузниците како Хезболах, ќе изврши директен напад доколку пропаднат преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа или ако се добие впечаток дека Израел ги запира разговорите.

Изворите не кажаа колку долго Иран ќе дозволи преговори пред да одговори. Преговорите треба да започнат во четврток во Египет или Катар.

По убиството на Ханија и командантот на Хезболах, Фуад Шукр во Бејрут, Иран во последните денови е во интензивен дијалог со западните земји и САД за да ја ограничи својата одмазда, рекоа изворите, кои сакаа да останат анонимни.

Американскиот амбасадор во Турција, во изјава објавена денеска, потврди дека Вашингтон бара од сојузниците да помогнат да се убеди Иран да ги деескалира тензиите. Тројца извори од регионалната влада изјавија дека се водат разговори со Техеран за да се избегне ескалација пред преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

 

Слични содржини